Едноставно решение од каменецот со средство кое сите го имаме дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Решете се од тврдокорните дамки во само неколку чекори.

Знаеме колку е тешко да се отстранат упорните дамки во бањата предизвикани од каменецот. Оставете ги абразивните средства и макотрпното триење на страна, а решението побарајте го во кујната.

За средство за чистење огледали и стаклени површини, ќе ви бидат потребни:

  • вода

  • оцет

  • памучна крпа или весник

Трикови со фенот за кои сигурно не сте знаеле (видео)

Помешајте иста количина на вода и оцет во шише спреј. Испрскајте ги огледалата, а потоа избришете го со старата памучна маица или весник. Крпите оставаат траги во секој случај.

Доколку сакате огледалото да не замаглува при капењето, по чистењето можете да нанесете пена за бричење и повторно да го пребришете огледалото со сува крпа.

Када/туш кабина и останати површини

За чистење на овој дел од бањите порај крпите од мирофибер, ќе ви требаат:

рамномерна мешавина на вода и оцет (одлично се покажало како средство за отстранување траги од сапунот)

  • сода бикарбона

  • сок од лимон

Со мешавина на вода и оцет можете да ги испрскати површините и да ги избришете. За тврдокорните дамки од каменецот откако ќе ги испрската плочките и славината, додајте лажичка сода бикарбона, па потоа избришете.

https://youtu.be/DWXx5uFlVrk

За цревото од туш кабината може да ви послужи паста направена од лажичка сода бикарбона и малку сок од лимон, и чистете со стара четкичка за заби. Доколку дамките се тешки за отстранување, на мешавината можете да додадете и хидроген пероксид.

ВЦ школка

Пред да ја чистите ВЦ школката, симнете ја даската, а потоа испрскајте ја со јаболков оцет. На места кои се валкани, додадете сода бикарбона, оставете да одреагирате, па потоа избришете. За внатрешноста на ВЦ школката користете четка. Оцетот покрај тоа што ќе се исчисти, ќе ги убие сите бактерии кои се наоѓаат во овој дел од бањата.

Leave a Reply