Едно во 100.000 случаи: Родено e „бебе во балон”

Сподели со своите пријатели

Млад брачен пар од англискиот град Саутпорт останал шокиран кога виделе дека нивниот син е роден како „бебе во балон“ бидејќи мајката не и пукнал водењакот

Loading...

Редок случај, кој уште се нарекува и „породување од сирена“, ги запрепасти бабиците, кои досега не виделе нешто слично.

Џенифер Петри во четврток на 16 декември го роди момчето Рио Петри Мартинс, кое е прво дете на неа и на нејзиното момче Тео Мартинс, пишува Liverpool Echo.

Младата мајка им кажала на новинарите дека била збунета кога почнало породувањето, а водењакот не сакал да пукне.

 

 

Таа со своето момче отишла во болница каде се породила во базен. Тој вели дека бебето изгледало како да е родено во воден балон.

Loading...

– Местот од кое истекува вода кога сте на породување никогаш не останало а да не пукне, што се случува доста ретко. Кога се родило бебето, сè уште било во балон. Тоа беше пораѓање во вода, па плодовата вода со се што беше бебето внатре се набабри . Изгледаше како да е во кожурец. Пукна дури кога акушерките го кренаа, а потоа излезе момчето – објаснува Џенифер.

Гордата мајка вели дека акушерките биле воодушевени бидејќи многу од нив во кариерата не доживеале такво нешто.

– Една од бабиците еднаш го видела, а другите две не го виделе. Рекоа дека тоа се случува еднаш во 100.000 случаи – вели Џенифер.

Пораѓањето поминало без никакви компликации, па дури и без анестезија, а парот смета дека оваа ретка појава е добар знак и се радуваат поради тоа.

„Чувствувам дека тоа го направи породувањето помагично бидејќи сите беа воодушевени од тоа што се случува, а луѓето велеа дека е неверојатно“, рекла Џенифер.