Едно лице загина во сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Едно лице загинало во сообраќајна незгода на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Куманово и локалниот пат кој води кон село Брњарци во која учествувало патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблици, управувано од жител на Арачиново, информираат од СВР Скопје.

Возачот изгубил контрола над управувачот на возилото, возилото излегло лево надвор од коловозот, удрило во бетонски жардиниери и при тоа се превртело надвор од коловозот. Во несреќата еден сопатник им подлегнал на повредите на пат кон болница, а возачот и уште еден сопатник се здобиле со телесни повреди.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.