Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Куманово – Романовце

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат Куманово – селото Романовце, Џ.С.(66) од Куманово вчера во 10.30 часот управувајќи мопед „Апен 6“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Џ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата Куманово, по што бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply