Една ”поза” на Жизел чини 126 илјади долари (фото галерија)

Сподели со своите пријатели

Иако во април таа кажа ”збогум” на модните писти, 35 – годишната бразилска убавица Жизел Бундхен и понатаму е најдобро платена светска манекенка. И тоа деветта година по ред, според најновата листа на магазинот Форбс.

Loading...

Во најновото издание на Форбс, на листата манекенки со најголема заработувачка во периодот од јуни 2014 до јуни 2015, Жизел убедливо се наоѓа на првото место со заработка од 44 мил. долари, дури 35 милиони повеќе од првата пратеничка, Бразилката Адријана Лима и Англичанката Кер Делевињ, кои заработија во девет милиони долари.

adriana-adriana-lima-2316063-1280-1024

На трето место е холандската убавица Дуцен Кроес, која во споменатиот период заработила 7,5 мил. долари.

Doutzen-Kroes-43

 

За разлика од Линда Евангелиста, една од најславните супермодели од 90 – тите години на минатиот век, која патем создаде голема бура со изјавата дека не станува од кревет за помалку од 10 илјади долари, во магазинот Форбс пресметале дека Жизел не станува од кревет за помалку од 120.547 долари дневно.

gisele_bundchen_wallpaper_4

Loading...

Мајката на две деца и сопруга на ѕвездата на американското рагби Том Бреди, Форбс ја смести на 89 место во светот на најмоќни жени, а на четврто место на највлијателните ѕвезди од бразилското издание на истиот магазин. Пред неа се наоѓаат Пеле, Паоло Коељо и Нејмар.

gisele-bundchen-lui-magazine

Прва меѓу десетте најдобро платени светски манекенки беше членката на кланот Кардашијан/Џенер, со нејзиниот ангажман за брендовите Живанши, Фенди, Келвин Клајн, Топшоп и други.

19 – годишната Кендал Џенер е најмлада на таа листа, и се наоѓа на осмото место со годишна заработка од 4 милиони долари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.