Единствениот Јапонец на Титаник: Поради она што го сторил, бил на списокот со срамот цел живот

Сподели со своите пријатели

Масабуми Хосоно бил патник од 2-ра класа на Титаник. Додека бродот тонел, се пробил до палубата каде што се спуштале спасувачките чамци. Го слушнал морнарот како вика: „Места за уште двајца“. Скокнал и се спасил.

Loading...

Ноќта на 15 април 1912 година. Некој тропал на неговата врата од кабината. Отворил Масабуми Хосоно. Паника во ходникот. Луѓето трчаат, врескаат. Бродот тоне. Брод за кој сите мислеле дека не може да потоне.

Масабуми оди кон палубата каде има 20 чамци за спасување. Имало простор за 64. Од 2.223 патници починале 1.517. Повеќе од половина ќе биле спасени доколку имало доволно чамци за спасување.

 

 

Одлука која ќе го обележи неговиот живот

Масабуми на почетокот не можел да се качи на палубата. Мислел дека е патник од 3-та класа и дека тие одат последни. Некако сепак успеал да се пробие. Го слушнал морнарот како вика „Места за уште двајца!“.

Loading...

Тој е соочен со избор и одлука што ќе го следат сè до неговата смрт.

Скокнал во чамецот. Бил спасен.

Но, тој се вратил во Јапонија како човек без чест. Човек кој го игнорирал правилото „прво жени и деца“. Тој бил етикетиран како кукавица.

 

 

Тој добил отказ од својата работа. Починал во својот дом на 14 март 1939 година.

Негов внук е Харуоми Хосоно, водечки член на групата Yellow Magic Orchestra, јапонски бенд што ја обележа јапонската и светската електронска музика во 80-тите.

Loading...

Во продолжение некои интересни факти за Титаник што можеби и не сте ги знаеле!

Руината на Титаник лежи на 3,8 километри под нивото на морето, 600 километри од канадскиот брег

Сантата мраз што го потопила мега-бродот била долг околу 500 метри и излегувала околу 150 метри над водата

Од 2.223 патници починале 1.517. Повеќе од половина би биле спасени доколку имало доволно чамци за спасување

Три од четирите оџаци на Титаник работеле. Четвртиот бил за естетика

 

 

Loading...

Првиот чамец за спасување се спуштил од Титаник еден час откако удрил во сантата мраз

Титаник може да исчезне поради бактериите

„Титаник“ тежел 46.000 тони. Трошел 825 тони јаглен дневно во 159 печки што загревале 29 мегабојлери

Двајца работници загинале додека го граделе бродот

Последното мени од Титаник е продадено за 88.000 американски долари.

Од 908 членови на екипажот, само 23 биле жени. Тројца не преживеале.

Loading...

Бродот можел да носи 64 чамци за спасување. Имало 20.

 

 

Вистинското име на Титаник е Royal Mail Steamer (RMS)

Loading...

Во филмот Титаник, оркестарот свирел додека бродот тонел. Така било и во реалноста

Повеќе од 6.000 вредни предмети се спасени од „Титаник“. Виолината е продадена во 2013 година за 1,7 милиони долари.

Leave a Reply