Еден од учесниците во сообраајката со повреди на ребрата пренесен на скопски Ургентен центар

Сподели со своите пријатели

Две лице се полесно повредени при сообраќајна несреќа која што се случи на патниот правец Куманово Скопје во близина на патарината „Романовце“, информираат од СВР Куманово.

Несреата се случила околу 14 часот, кај делот каде што се извршуваат работи на пат, кога моторно возило марка БМВ Х6 со буарски регистарски ознаки бозеји по десната лента се пренасочило во левата за претекнување каде се движело товарно моторно возило марка МАН со српски регистрациски ознаки.

Од ургентниот центар посочија дека две лица веднаш биле примени кај нив. Машкото лице има повреда на неколку ребра и е пренесено во ургентниот центар во Скопје, а женското нема посериозни повреди. Двете лица се надвор од животна опасност.

Двете возила биле управувани од македонски државјани, а увид на лице место изврши екипа на СВР Куманово, при што се формираа неколку километарски колони возила поради затворање на сообраајот.

 

Loading...