ЕБР не бираше: Брутално испразнети трибините во Спортската сала (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Вистински хаос настана вечерва кога на средина од третата четвртина судиите наредија празнење на трибините во Спортската сала во Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”370″]

 

Припадниците на Единицата за брзо распоредување со пендреци удрија по сите, жени и деца во паника трчаа од салата. Од она што го видивме едно дете беше онесвестено откако, според неофицијални припадник на ЕБР со пендрек го удрил во глава.

Војната на навивачите и сепцијалната единица продолжи и пред спортската сала, каде неколку лица се приведени, но засега немаме официјални информации за билансот на приведените и повредени лица. Фоторепортерот на Кумановски Муабети забележа и припадник на ЕБР со повреда во пределот на коленото, а на самиот крај уште едно лице беше приведено кое останало да го следи натпреварот, а целото празнење на салата беше снимано од лице припадник на специјалната единица на МВР.

Одлука за празнење следеше откако навивачите испровоцирани од вербалната расправија на Бојан Трајковски и еден од судиите направија дожд од тврди предмети кон теренот.

Натпреварот заврши со победа на МЗТ која никој не ја призна, освен членовите на Македонската кошаркарска федерација.

За повеќе официјални детали во текот на утренишниот ден.