ДЗС: Во Куманово во текот на 2014 година се осудени 14 женски лица

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2014 година, во споредба со 2013 година, е зголемен за 7.3%.

Loading...

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22.5%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен за 11.4%.

Capture

Бројот на пријавени деца во судир со закон – сторители на кривични дела во 2014 година, во споредба со претходната година, е намален за 3.3%.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените деца во судир со закон – сторители на кривични  дела е намален за 2.5%.

Што се однесува до Куманово, во 2014 година, осудени се вкупно 168 лица, од кои 14 жени, од кои 42 лица се осудени на затворска, додека 29 на парична казна.

Во истиот период, со казна протерување од државата се казнети 4 лица, додека на 93 лица им е изречена алтернативна, односно мерка затвор.

 

Loading...

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *