Ѕидот со милиони гуми за џвакање замина во историјата (видео)

Сподели со своите пријатели

Жителите на Сиетал почнаа да се простуваат од неофициалната градска знаменитост – ѕидот на кој има залепено милиони гуми за џвакање.

Loading...

Работниците во заштитни одела започнаа со чистачи на пара да го перат ѕидот за да можат да го отстранат слојот од девет сантиметри дебелина. Гумите за џвакање луѓето почнале да ги лепат пред девет години чекајќи во ред за купување влезници во блиското кино. Во текот на годините тој обичај прераснал во своевиден уметрнички проект.

Градските власти објавија дека истите мора да се исчистат за да се заштити ѕидот испод нив. Се очекува чистењето да трае три дена, но малку кој се сомнева дека за кратко време тука ќе се најдат нови гуми за џвакање.

Интеренетскиот туристички портал Трип Адвисор, ѕдот го смести на второ место на светски туристички актракции по бројот на бактериите. Прв е ирскиот Blarney Stone, блок вграден во тврдината кој се бакнува за среќа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.