Џинпинг: Ќе ја зајакнеме комуникацијата и соработката со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката комуникација и координација со ЕУ, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на состанокот во Пекинг.

Loading...

На состанокот во Големата сала на народот во кинескиот главен град, Си му рекол на Мишел дека се надева дека институциите на ЕУ и земјите-членки ќе воспостават објективна и правилна перцепција за Кина, објави државната телевизија CCTV.

„Кина ќе остане отворена за европските компании и се надева дека ЕУ може да го елиминира мешањето за да обезбеди фер и транспарентно деловно опкружување за кинеските компании“, му рече Си на Мишел. Си не разјасни што мисли под мешање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАНАДА: Шестмина уапсени за најголемата кражба во историјата на земјата

„Треба да ја зајакнеме координацијата на макроекономските политики“

Кинескиот претседател нагласи дека Кина и ЕУ треба да ја зајакнат координацијата на макроекономските политики, заеднички да создадат нови двигатели на растот и да ја гарантираат безбедноста, стабилноста и доверливоста на индустриските синџири на снабдување.

Мишел, кој е во еднодневна посета на Кина, ќе се сретне и со премиерот Ли Кечијанг и Ли Жаншу, претседател на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес.

Неговата посета доаѓа откако европските лидери изразија стравувања на состанокот во октомври во врска со економското потпирање на Кина.