Џабаров: Планот на Трамп за конфликтот во Украина не ја зема предвид позицијата на Москва

Сподели со своите пријатели

Високиот функционер на Советот на Руската Федерација, Владимир Џабхаров изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина за 100 дена, кој се појави во американските медиуми, не ја зема предвид позицијата на Москва по ова прашање.

Loading...

„Не треба да се сфаќаат сериозно бројните гласини во западните медиуми во врска со решавањето на украинскиот конфликт, вклучително и наводниот документ на Трамп објавен од американските медиуми, а кој зборува за временска рамка од 100 дена“, рече првиот заменик-претседател на Меѓународниот комитет на рускиот совет на својот Телеграм канал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непоколеблива поддршка за МКС и покрај санкциите на Трамп

Според Џабаров, овој план воопшто не ја зема предвид позицијата на Русија, туку напротив, претпоставува натамошна вооружена поддршка за режимот во Киев, без меѓународно признавање на уставните територии на Русија.

Како што додаде, позицијата на Трамп ќе се знае подоцна, а малку е веројатно дека тој ќе биде значително под влијание на дезинформациите од западните медиуми.

Џабаров истакна дека најважно за Русија е да ги брани условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин, а не да бара разбирање од САД.

Како што потсетува агенцијата РИА, Путин рече дека целта на решавањето на конфликтот во Украина не треба да биде краткорочен прекин на огнот и пауза за прегрупирање и превооружување на силите, со цел продолжување на конфликтот, туку долгорочен мир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдени остатоците од авионот што исчезна на Алјаска: Загинати сите патници

Трамп рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да склучи договор за решавање на конфликтот, но не ги прецизираше условите.

Американскиот претседател додаде дека разговорите со Путин би можеле да се случат многу наскоро, наведува РИА.

Loading...

Украинскиот медиум Страна објави дека планот на Трамп за решавање на конфликтот за 100 дена наводно им бил предаден на европските дипломати од американска страна, а тој предвидува воспоставување на прекин на огнот на Велигден, на 20 април.

Како што се додава во документот, би следела меѓународна мировна конференција, а крај на конфликтот би бил прогласен до 9 мај, додека парламентарните и претседателските избори во Украина би се одржале до крајот на летото, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД одобрија продажба на оружје на Израел тешка 7,5 милијарди долари