Две училишта и две цркви во Куманово станаа корисници на природен гас

Сподели со своите пријатели

Општинското Основно училиште ”Кочо Рацин” како и Средното Државно Училиште ”Перо Наков” од денес и официјално станаа корисници на природен гас со приклучување кон гасификациската мрежа на градот,  соопшти денес директорот на ЈП ”Куманово гас” , Драган Петровски во изјава за Кумановски Муабети.

Loading...

Како што потенцираше Петровски, во циклусот гасификација на јавни објекти во градот, освен училиштата, корисници на природен гас и приклучок добија и храмовите ”Света Троица” и храмот ” Свети Никола”, како и неколку домаќинства на ул. Б. Б Гуцман во населбата Гоце Делчев.

Гасификацијата на Куманово продолжува и во наредниот период со планирани приклучувања на колективни станбени згради на бул. Окт. Револуција и индивудални објекти на ул. Пионерска.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.