Две лица завршија со повреди на улица Моша Пијаде

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово, околу 10 часот на улицата „Моша Пијаде“.

Loading...

Од засега непознати причини, автомобилот „шкода“ со кумановски регистарски таблички, движејќи се по улицата во правец кон булеварот „Октомвриска Револуција“ изгубил контрола и удрил во тротоарот и делумно влетал во двор од семејна куќа.

На местото увид врши СВР Куманово. Веднаш по сообраќајната несреќа на местото на настанот излегоа две амбуланти возила на итна медицинска помош-Куманово.

„Двете лица, сопатници од автомобилот со повреди на главата и телото примени се на Одделението за хирургија, по што испратени се на една од скопските клиники“, изјави дежурниот хирург Борче Божиновски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.