Две лица во Куманово се затруле од чад поради запален оган кај нивен сосед

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово побарале лекарска помош поради труење од чад, откако нивен сосед запалил оган.

Loading...

– На 16.03.2025 во СВР Куманово, С.И.(56) од Куманово пријавил дека на улицата „404“ во Куманово, поради запален оган кај нивен сосед, С.Ј. (64) и С.Ј. (42) се затруле од чадот, при што им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парична помош од Куманово за страданите во Кочани