Две лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

На крстосницата од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Денко Драганов“ во Куманово, вчеравачер околу 21:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(49) од Куманово и мопед „томос-АПН-6“, управуван од А.К.(26) од Куманово.

Loading...

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со тешки телесни повреди се здобил А.К., додека со телесни поврди се здобил сопатникот од мопедот, Џ.С. од Куманово.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply