Две лица побредени во сообраќајка на Аџитепе

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14,50 часот на спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Сузуки“ со гостиварски регистерски таблици управуван од Б.Т.(33) од Скопје и моторцикл „Јамаха ИТ5“ со скопски регистерски таблици управуван од М.Н. (19) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. додека М.Н. се здобил со телесни повреди. На истите им била укажана лекарска
помош во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.