Две девојки повредени откако млада кумановка во Охрид удрила во канделабра

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишна девојка од Куманово се здобила со тешки телесни повреди по сообраќајна незгода што вчера се случила во Охрид.

Loading...

– На 18.10.2020 во 06.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, С.С.(21) од Куманово управувајќи патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата С.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а сопатничката Ј.Д.(21) од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Никола Ивановски

Leave a Reply