Две куќи опожарени вчера во Куманово (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две куќи на две различни локации вчера биле зафатени од пожар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Една од куќите е лоцирана на улицата „Пионерска“ каде во период од 16:50 до 18:40 часот на терен интервенирале шестмина пожарникари со две противпожарни возила.

 

 

Во атарот на село Пчиња се запалила кровна конструкција каде во период од 13:50 до14:45 часот интеервенирале тројца пожарникари.

На улицата „Народна револуција“ вчера горела сува трева во период од 14:15 до 15:25 часот. Интервенирале тројца пожарникари.

Во населбата Средорек пак горела сува трева и смет. Во ериод од 09:30 до 10:20 интервенирале двајца пожарникари.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  500 хектари површина изгореа во пожарот во липковско (ФОТО)

Никола Ивановски