Авионско прскање против комарци во вторник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги известува граѓаните дека на 1 јули 2025 година (вторник), во периодот од 04:00 до 10:00 часот, ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци.

Loading...

„Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месна заедница Бабин Дол, месна заедница Гоце Делчев, месна заедница Тоде Мендол, централно градско подрачје и прочистителна станица ЈП ‘Водовод’ – с.Добрашане“, стои во соопштението од Општина Куманово.

За третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, а од општината апелираат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 пожари за еден час избувнаа во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

„Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни“, информираат од Општина Куманово.

Никола Ивановски