Две интервенции вчера бележат кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие бележат две помали интервенции во доменот на својата работа.

Loading...

Првата интервенција била од технички карактер,  испумпување вода од подрумска просторија на станбен објект на улицата „Народна Револуција“

– Во период од 00,45 до 01,10 часот . Интервенирано е со 1 возило и 4 пожарникари. Причината е дефект на водоводна мрежа, стои во дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи..

Втората интервенција била на опожарена електрична инсталација (склопка) на улицата „11 Октонври“.

Интервенирано било со 1 противпожарно возило и 4 пожарникари во период од 16,10 до 16,20 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply