Две интервенции на запалени оџаци вчера во кумановско

Сподели со своите пријатели

Две интервенции на запалени оџаци од семејни куќи, во текот на вчерашниот ден бележат кумановските пожарникари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во раните утрински часови кога околу 04:10 часот на улицата „Доне Божинов“ се запалил оџакот, а на терен излегле двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Огнот успеале да го изгаснат дури во 07:20 часот.

Втората интервенција е исто така на запален оџак, но во селото Оризаре. Тројца пожарникари интервенирале во период од 08:05 до 09:10 часот при што успеале да го изнаснат пожарот.

Освен двете интервенции на запалени оџаци, вработените од Територијалната противпожарна единица Куманово, интервенирале и на запален смет на дива депонија во населбата Бедиње.

Депонијата ја гаснеле четворица пожарникари во период од 14:17 до 16:50 часот, со две противпожарни возила.

Никола Ивановски

Leave a Reply