Двајца загинати во експлозија во фабрика за ракети и муниција во Србија

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа денеска во експлозијата на фабриката за ракети на Кружни пут, што се случи нешто по 14 часот во Лештане кај Белград.

Loading...

Според Телеграф, во експлозија во фабриката во која се произведуваат противградни ракети и муниција има загинати. Српскиот портал Новости јавува дека две лица го загубиле животот.

Од друга страна, еден од работниците бил заробен, но пожарникарите успеале да го извлечат.

Станува збор за фабрика која произведува ракети и ракетни горива. Несреќи се случувале и претходно, а досега имало неколку пожари.