Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Сподели со своите пријатели

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна незгода што вчера се случила на регионалниот пат Куманово – Липково.

Loading...

– На 22.05.2021 околу 16.15 часот на регионален пат Куманово-Липково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Липково,кумановско и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од с.Лопате,кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од с.Лопате, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, со тешки телсени повреди се здобила Љ.К., а со повреди се здобил  А.А. на кои им била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *