Двајца полицајци фатени под дејство на наркотици за време на служба

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во најновото писмено соопштение за сторени повреди во работењето, наведува дека во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Loading...

Притоа, на осум вработени изречена им е мерка  – „парична казна”,на еден вработен мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на тројца вработени изречена им е мерка „отказ“.

Отказ добиле двајца полицајци од Полициска станица Аеродром и од Ѓорче Петров, кои, според МВР, биле под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи.

Третиот случај се однесува за припадник на Единица за прв одговор и интервенција-АЛФА, кој навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа 3 последователни работни дена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.