Двајца осомничени за вчерашната тепачка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција денеска повикала на информативен разговор две лица осомничени дека вчера учествувале во тепачка.

Loading...

– Денеска (20.11.2023) во СВР Куманово бил извршен службен разговор со Б.Р.(23) и А.Р. (22) од село Опае, липковско. Тие се сомничат дека на 19.11.2023 околу 19.30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Куманово физички ги нападнале Р.Н.(33) и Н.М., двајцата од Куманово, велат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски