Двајца Мароканци во два наврати нападнати со електрошокови и тупаници

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во Секторот за внатрешни работи во Куманово, две лица со иницијали Е.С. и Е.Е. инаку државјани на Мароко биле нападнати во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, лицата на 7-ми овој месец во близина на Скопје, поточно на железничка станица надвор од градот,  од страна на три засега непознати лица со употреба на безбол палка и електрошокови, им било извршено разбојништво, при што им биле одземени околу 300 евра, патни исправи и лични карти на нивно име и мобилен телефон марка „Сони“.

Истите лица во текот на вчерашниот ден, поточно во 23:50 часот во Полициската станица од Општа надлежност во Куманово пријавиле дека две лица кои ги превезувале со ПМВ физички ги нападнале.

Притоа Е.С. избегал и се сокрил, а Е.Е. бил удиран со тупаници при што му биле нанесени видливи телесни повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.