Двајца кумановци заработија кривични пријави за криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот Центар за ГР Север поднесе кривична пријава против П.В. (56) и Д.С. (56) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската Унија и на Шенгенскиот договор“.

Loading...

Првопријавениот, откако претходно договорил превоз за шест лица – баратели на азил за износ од 1500 евра до Р.Германија, го ангажирал второпријавениот кој со своето возило за износ од 30 евра требало да ги префрли од Куманово до Р. Србија, од каде требало првопријавениот да им организира превоз до Р.Германија.