Двајца кумановци утринава претепани во ресторан

Сподели со своите пријатели

Утринава околу 02.30 часот по полноќ во Општа болница Куманово, А.Ш. (29) од Куманово пријавил дека околу 00.15 часот додека седел во ресторан на плоштад Маршал Тито со Р.З., биле физички нападнати од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и, Б.Н, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа бил удиран со безбол палки по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници. По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот. На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.