Двајца Кумановци повредени во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Две лица, од кои едно посериозно, биле хоспитализирани вчера околу 09:30 кога направиле сообраќајка.

Loading...

– На 02.02.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на улицата „Никола Тесла“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(83) од Куманово и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(37) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.С., а со телесни повреди се здобил М.Ѓ., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply