Двајца кумановци од клубот ””The Strongest & Roots BJJ” се закитија со пет медали (фото)

Сподели со своите пријатели

Клубот за бразилска џиу – џица ”The Strongest & Roots BJJ” од Куманово, инаку боречка вештина која се води на партер и е наменета за самоодбрана, на овогодинешниот турнир ”Fight Night Champion 3” кој на 24 октомври се одржа во Велес, членовите на кумановскиот клуб Мартин Стефановски и Никола Петрушевски донесоа два златни медали.

Loading...
12189698_10207136054833869_2057851008435740557_n

Во борбите на турнирот во Велес кои се водеа во кафез без кимоно, Стефановски се закити со злато во -70 килограми категорија, додека Петрушевски освои злато во категорија -88 килограми и бронза во апсолутна категорија.

12187756_10207142076944418_4506819355757934518_n

– Тоа што нам ни значи многу е и освојувањето на бронза во категорија – 70 килограми во син појас, и освојувањето на сребро за Никола во категорија -88 килограми во бел појас. Тоа се случи на престижниот Меѓународен турнир во Скопје под името ” Gameness Macedonian BJJ Open 2015″ каде се натпреваруваа 140 натпреварувачи од над 10 земји, вели Стефановски.

12189765_1038023456249019_7453433418654002113_n

Инаку, на Меѓународниот турнир што се одржа во салата ”Борис Трајковски” во Скопје, тимот на  „Рутс“ на „Македонија БЏЏ опен 2015” освои 50 медали, од кои: 12 златни, 18 сребрени и 20 бронзени.

11116417_10207141995222375_7284668608196528164_o

 Тоа што го очекува кумановскиот клуб за бразилска џиу – џица е настап на турнир во Књажевац, Србија што ќе се одржи на 6 декември.

Клубот во меѓувреме врши упис на нови членови, почнувајќи од најрана возраст. Термините за тренинг се секој вторник и четврток од 20 часот за возрасни, во 18 часот за детска возраст, додека во сабота, 18 часот за возрасни и 17 часот за деца.

Сите информации се достапни на бројот 077/705-039.

Loading...