Двајца бегалци заразени со хепатитис испратени во болница

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатите 24 часа, од страна на хигиено – епидемиолошката служба, извршена е дезинфекција на  седум вагони со вкупна површина од 1400м2, како и дезинфекција на простор и  објект во пунктот за помош на бегалци – Табановце со вкупна површина од 700м2.

Loading...

Во текот на изминатите 24 часа, од прифатниот центар Табановце, двајца миграти заразени со хепатитис се испратени  на лекување во Скопје.

Инаку, ситуацијата во кампот е нормална,  се дели храна и облека за бегалците од хуманитарните организации како и од екипите на Црвен крст, се вели во дневниот извештај на РЦУК Куманово.