Двајца Албанци со фалсификувани патни исправи фатени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во два одделни случаи во текот на вчерашниот ден полициските службеници на Граничниот премин Табановце спречиле преминување на границата со фалсификувани патни исправи од страна на двајца државјани на Албанија.

Loading...

Имено во првиот случај, вчера на Граничниот премин Табановце, за излез од Република Македонија, по извршена пасошка контрола било констатирано дека на патната исправа на Т.З.(39) од Република Албанија две страни биле прелепени од друга патна исправа по што поради постоење основи на сомнение дека истата била фалсификувана Т.З бил приведен во Полициската станица за гранични премини – Табановце, а патната исправа со потврда за привремено одземени предмети е привремено одземена. Т.З. бил предаден во СВР Куманово, за понатамошно постапување.

Во вториот случај исто така на Граничниот премин  Табановце, за излез од Република Македонија, по извршена пасошка контрола било констатирано дека на патната исправа на М.М.(28) од Албанија две страни биле прелепени од друга патна исправа по што поради постоење основи на сомнение дека истата била фалсификувана М.М. бил приведен во Полициската станица за гранични премини – Табановце, а патната исправа со потврда за привремено одземени предмети е привремено одземена. М.М. бил предаден во СВР Куманово, за понатамошно постапување.

Доколку се утврди дека документите се фалсификувани, двајцата државјани на Албанија ќе одговараат според кривичниот законик на Република Македонија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.