Дваесетгодишен кумановец со гасен пиштол пукал во сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец и уште неколку лица првин нападнале четворица сограѓани, па пукал со гасен пиштол.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Куманово и неколку непознати лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 15.12.2019 на улицата „Тоде Думба” во Куманово, пријавениот и останатите лица со со тврди предмети ги нападнале Д.Ј., К.А., В.Т. и Л.С., а  пријавениот со гасен пиштол испукал повеќе пати и го погодил Л.С..

Никола Ивановски

Leave a Reply