Два приговори за гласањето на референдумот пристигнале до Државната изборна комисија за едно избирачко место во Куманово.
Еден од набљудувачите на избирачко место во Куманово поднел два идентични приговори во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.
До ДИК досега се пристигнати вкупно шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември.