16.08.2016 09:56

Два пожари вчера изгаснале пожарниакрите од Старо Нагоричане


Со полни раце работа во текот на вчерашниот ден биле и припадниците на Територијалната противпожарна едница од Старо нагоричане, односно три интервенции за запалени стрништа, трева, нискостеблеста шума, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На бројот 195 на Центарот за управување со кризи случаен минувач вчера пријавил дека има пожар на патниот правец Куманово – Крива Паланка, зад бензинска пумпа „Мит комерц“, поточно во атарот ан селото Сув ора, Војник. ЦУК веднаш ги известил пожарникарите од Општина Старо Нагоричане кои излегле на терен и го локализирале огнот. Интервенцијата траела од 15 до 17:30 часот. Станувало збор за запалено стрниште, сува трева и нискостеблеста мешана шума. Во гаснењето учествувале петмина пожарникари и една цистерна која во четири наврати била полнета со вода, со оглед дека пожарникарите гласнеле оган на површина од 30 хектари.

Каок што репортирал командирот на Територијалната противпожарна единица Старо нагоричане во текот на денот, пожар имало и во атарот на село Никуљане. Пожарникарите два часа, во период од 12 до 14 часот гаснеле запалено стрнште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од 45 хектари. При гаснењето учествувале само двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments