Два нови случаи на коронавирус во земјава

Сподели со своите пријатели

Двајца новозаболени од коронавирус се регистрирани во Македонија.

Loading...

Станува збор за жители на Дебар кои биле позитивни за коронавирусот, објави министерот за здравство Венко Филипе.

Тоа биле соседи на тројцата жители од Дебар кои пред неколку дена беа хсопитализирани на Инфективната клиника во Скопје, меѓу кои брачниот пар кој се вратил од Италија.

Новозаболентие житееле во куќа лепенка со претходно регистрираните случаи.

Како што рече министерот членовите на нивното семејство ќе бидат ставени во изолација.

Денеска се правеа тестови на 12 лица, од нив само овие двајца се позитивни.

Со тоа бројката на заразени во земјава изнесува вкупно осум лица, со оглед дека првата заразена пациентка е излекувана и ќе биде пуштена дома.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply