Два напуштени објекти вчера гореа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Два напуштени објекти вчера гореле на две различни локации во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, вчера околу 12:40 часот тројца пожарникари со едно противпожарно возило излегле на интервенција на запален напуштен објект во населбата Бедиње. По нешто повеќе од еден час, поточно во 14:50 часто интервенцијата била завршена.

Напуштен објект вчеравечер горел и во Зебрњак, каде во период од 21:45 до 22:20 часот исто така интервенирале троја пожарникари.

Од пожарите е причинета материјална штета, но висината на истата, како и причините кои довеле до избувнување на пожарите засега не се познати.

фото: архива

Leave a Reply