Спектакуларна дупка со должина на два фудбалски терени и длабочина како шестокатница се отвори на фарма на Нов Зеланд. Експертите истакнуваат дека во прашање е најголемата дупка која нацијата ја видела досега.

АП пренесува дека на огромната провалија наишол работник на фармата Колин Тремејн, собирајќи ги кравите за молзење пред зора во близина на градот Ротуруа на Северен остров.
Откриена голема дупка во Големиот корален гребен, а во неа и изненадување (видео)
Дупката се појавила по неколку дена обилни врнежи.
Тремејн за телевизијата „Њузхаб“ рекол дека не сфатил колку дупката е голема додека не се наведнал и додал дека провалијата настанала откако на тоа подрачје дошло од рушење на подземните варовници.


