Државниот врв на прославата на „11ти Октомври“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со богата културно уметничка програма на која ќе присуствува државниот врв предводен од премиерот Зоран Заев во Куманово ќе се одбележи празникот „11 Октомври“.

Loading...

Во 10 часот на Спомен Костурница ќе се положи свежо цвеќе, а веќе во 12 часот на градскиот плоштад ќе се одржи воено-тактичко-технички збор на припадниците на Армијата, каде ќе биде презентирана и дел од воената опрема и воените способности на војниците

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, освен што упати честитка до граѓаните, ги покани на Спомен Костурница на големата прослава да се одаде почит на сите оние кои го загубиле животот за време на Втората светска војна.

– Ние како претставници на Општина Куманово, денеска и утре ќе ја посетиме Општина Прилеп и ќе ја породлжиме традицијата заеднички да го празнуваме овој датум, а на 11ти Октомври, покрај градоначалникот на Прилеп општинта ќе ја посети и премиерот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со високи државни делегации и ќе положи цвеќе на Спомен Костурница, информираше Димитриевски.

Во организација на Фондација за култура и спорт ќе се организираат повеќе манифестации во чест на празникот, турнири во тенис и пинг понг, велосипедската трка „Трофеј 11ти Октомври“, воедно ќе се организира и Атлетска трка низ улиците на градот.

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од 20 часот дуото „Некст тајм“ ќе ја промовира песната „Јовка кумановка“ која е преработена во пресрет на 500-годишнината од формирањето на Куманово.

Loading...

– Она што ќе биде како шлаг за сите наши сограѓани е промотивното издание на промоција на аудио и видео записот на песната „Прошета се Јовка Кумановка“ кога „Некст тајм“ ќе ја направат премиерната изведба со видео презентација, еден гламурозен настан кој заслужува такво внимание, рече директорот на Фондација за култура и Спорт, Нино Величковски.

Преработката на песната е спонзорирана од бизнис заедницата, која ќе ги плати и настапите на Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ кои на 9ти, односно 10ти следниот месец ќе пеат за деновите на градот.

Leave a Reply