19.07.2019 08:55

Државна правобранителка од Куманово заработи кривична пријава


СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ј.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во период од04.11.2016 до 17.04.2018 година, пријавената во својство на Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба во врска со постапувањето по по правосилно решение од нотар за пренесување на права во корист на Северна Македонија како законски наследник.

loading...

– Имено, семејството на починатиот В.М., како сопственик на уделите и паричните влогови во правно лице од Куманово во износ од 308.000 денари и како содружник во правно лице од Куманово со вложени удели и парични влогови, во спроведена оставинска постапка, предметните удели и влогови ги остапиле на Северна Македонија, заради натамошно постапување по налог за извршување на договор за заем од 700,000 денари на В.М. од страна на Р.И. информираат од МВР.

По ова, пријавената со допис не ги известила двете трговски друштва да постапат по законот за трговски друштва, односно на Собрание да донесат Одлука за отстапување на правата на починатиот на Севeрна Македонија како наследник.

– Притоа, пријавената го известила само Централен регистер да ја изврши промената иако знаела дека со одлука треба да го спроведат и двете трговски друштва, со што овозможила едното правно лице да биде избришано од трговскиот Регистер, додека за другото правно лице да се отвори стечајна постапка, без право Р.И. да ги пријави своите побарувања како доверител, со што нанела штета на Северна Македонија и Р.И. стои во билтенот на полицијата.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments