Државјанин на Србија вмешан во инцидентот пред Амбасадата на САД во Подгорица

Сподели со своите пријатели

Црногорската полиција се сомнева дека Далибор Јауковиќ, државјанин на Србија фрли бомба врз Амбасадата на САД во Подгорица. Тој потоа се самоуби.

Според црногорскиот весник „Вијести“ Јауковиќ живеел во Подгорица, а роден е во Краљево. Тој бил поранешен припадник на Војската на Југославија и во 1999 година е одликуван за „исклучително залагање во извршување на должноста и извршување на задачите во одбрана и безбедност на татковината“.

Според неговиот профил на Фејсбук, бил противник на влезот на Црна Гора во НАТО.

Јауковиќ околу полноќ фрли бомба кашикара во дворот на Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа со друга експлозивна направа се самоуби. /МИА


Leave a Reply