Државјанин на Полска приведен со марихуана во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Р. (31) од Полска, со привремено живеалиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Loading...

Како што информираат од полицијата, на 10.05.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.

Leave a Reply