Државен секретар си даде оставка пред медиумите и изненадената министерка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Државниот секретар за демографија во Министерството за демографија, семејство, млади и социјална политика на Хрватска, Марин Стрмота вчера среде прес конференција си поднесе оставка нарекувајќи ги владините мерки за демографска политика „фолклор“ и „несериозни“.

Тој оставка си поднесе пред изненадената министерка Нада Мурганиќ, која поднесувањето на оставката го искоментирала како „нетрпеливост на млад човек“, пренесуваат тамошните медиуми.

Како се наведува, откако министерката Мурганиќ ги претставила заклучоците од 4. седница на Советот за демографска ревитализација на Хрватска, пред новинарите излегол Стрмота кој се сложил со оценката на медиумите дека истите заклучоци се претставени и пред три месеци, по 3. седница на советот.

– Се сложувам со вас и ова е еден голем фолклор. По година и четири месеци во Владат,а како демограф, млад човек, сметам дека ова не е доволно сериозно. И на денешен ден поднесувам осавка на местото државен секретар затоа што државата изумира, вели тој.

Ова е најлошата состојба во Хрватска откако постои државата и да се сзборува вака несериозно за ова, вели тој.

– Јас како млад човек, како човек на Република Хрватска, граѓанин, татко на две деца, невработена сопруга и родители, не верувам дека нешто ќе се реши со ваквиот пристап, рекол Стрмота.

https://youtu.be/SSRrr6CuuhI

Loading...

Leave a Reply