Државата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја

Сподели со своите пријатели

На вчерашната вонредна владина седница беа усвоени осум пакет мерки со кои државата ќе им помогне на семејствата од поплавените подрачја во скопскиот регион.

Стопроцентно обештетување за домаќинствата кои биле зафатени од поплавите, односно она за што комисијата ќе го евидентира како оштетување настанато од големата водена стихија.

Преку посебна програма на Министерството за здравство сите пациенти од попалвените региони ќе бидат ослободени од партиципација за здравствените услуги до крајот на оваа година, а домаќинствата ќе бидат ослободени и од надомест за вода и ѓубрарина во следните три месеци.

Посебна парична помош ќе добијат граѓаните за да можат да им купат училишен прибор на децата од овие подрачја во пресрет на учебната година.

Педесет проценти ќе биде зголемена социјална или детска заштита, социјална парична помош, постојана парична помош,  кои примаат додаток за мобилност,  за слепило, за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развој за семејствата корисници од овој регион.

Триесет тони јачмен од државните стокови резерви ќе бидат обезбедени за земјоделците како сточна храна, а ќе добијати бесплатна анализа на почвата со цел да се утврди дали во иднина истата ќе може да се обработува.

Бесплатна изработка на геодетски елаборат за постапка за легализација ќе добијат граѓаните кои не ги легализирале своите домови.

Инаку заклучно вчерашниот ден тимовите за проценка на штети посетиле над 3.000 семејства каде е извршена проценката на настанатата штета како резултат на катастрофланото невреме кое го зафати скопскиот регион минатата сабота.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.