Турција во недела направи голем пресврт во својата модерна политичка историја. Додека целиот христијански свет го прославуваше Велигден, Турците славеа друг вид „божество“ и тоа во вид на претседателот Реџеп Таип Ердоган кој успеа во намерата да се наметне како врховен господар на државата.
Референдумот за уставни реформи ќе биде ново раѓање. Тоа ќе донесе резултати кои ќе ги осрамотат оние кои не веруваат во нас и на нас – порача Ердоган непосредно пред почетокот на гласањето на кое турските граѓани одлучуваат за тоа дали претседателот треба да добие значително поголеми овластувања.
Со 51,3% гласачи на негова страна, Ердоган доби право да издава уредби, прогласува вонредни состојби, да именува министри и највисоки државни лица, но и да го распушта парламентот. А бонус на сето тоа е што и легално може да остане на власт до 2029 година.
Турските граѓани донесоа историска одлука, порача по објавата на резултатите од референдумот самиот Ердоган и додаде дека сите треба да ја почитуваат одлуката, а посебно турските сојузници.
Од една страна, противниците на турскиот претседател стравуваат дека оваа промена ќе доведе до негово авторитарно владеење. Во превод, Ердоган за само 95 години турската република успеа да ја врати о периодот на Османлиското царство, а себе да се прогласи за првиот султан по Мехмед Четврти.
Турција е република од 1922 година кога Камал Ататурк, татко на модерната турска држава, го симна од власт Мехмед поради катастрофалната политика во земјата на почетокот на 20 век. Но, патот по кој денеска чекори турската држава е далеку од идеалите за кои се залагал Ататурк и претставува радикален пресврт. Било потребно помалку од 100 години Турција, од некогаш успешен пример на секуларна исламска држава, да се врати на своите исламистички корени.
Од друга страна, тесниот резултат укажува на длабоките поделби во турската држава посебно кога се земе предвид дека опцијата „против“ победила во три најголеми града, меѓу кои и престолнината Анкара. Критичарите стравуваат дека исход на гласањето е чекор кон владеење на само еден човек во земја која е членка на НАТО и кандидат за ЕУ.
По референдумот Турција лесно може да се најде на прагот на граѓанска војна, а за мегаломанијата на „Султан“ како да нема безбедносен вентил, посебно по неуспешниот обид за државен удар. Оптимистите се надеваат дека малата разлика на референдумот може да влијае тој да биде умерен и разумен, но неодамнешните случувања би требало да се увертира дека секој неповолен настан може да втурне се во авторитарно владеење.
Ердоган пре три години ја презеде должноста претседател, чии областувања по постоечкиот устав се главно церемонијални. претходно повеќе од деценија беше премиер. И покрај ограничувањата, ги користеше своите областувања до крајните граници и продолжи да доминира на политичката сцена поради својата популарност и харизматична личност.
Критичарите често го обвинуваат дека со земјата управува авторитарно, посебно по масовните апсења и отпуштања на десетици илјади судии, полицајци, официри во војската и новинари поради неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година.
Може да се каже дека, преживувајќи пад од власта, Ердоган пристапи кон целата да ја претвори Турција од премиерска во претседателска држава со посебна енергија. За потребите на кампањите избра испробана тактика „удар врз непријателот“, а за тоаа улога ја избра Европската унија која обвинува дека тој се обидува да го солвада турскиот развој, а претгодно добите односи со земјите како Германија и Холандија ги уназади споредувајќи ги со нацистите.
Запрети дека ќе ја врати смртната казна, што е спротивно на сите европски вредности и би значело моментален прекин на преговорите. Не е тајна дека Турција веќе над половина век сака да биде дел од ЕУ. Меѓутоа, покрај силните пречки и несогласувања кои веќе постојат, јасно е дека проширувањето на овластувањата на Ердоган би биле црвена линија чие преминување нема назад.
Се чини сепак дека европските и американските лидери ја сакаа неговата победа, не само затоа што им е симпатичен или што со нив лесно се разбира, туку затоа што стравуваат од дестабилизација на Турција. Меѓутоа тоа според укажувањата ќе биде главното сценарио во наредните години.
Инаку ова е дванаесетта победа на Ергодан и неговите поддржувачи во разните избои откако пред 15 години дојде на власт. Турскиот претседател од тогаш учествувал на 11 избори, пет парламентарни, два референдуми, три пати на локални избори и еднаш на претседателските. Чудно, но на сите победил.
Loading...