Драмата во Куба не запира: Се запали трет резервоар за нафта

Сподели со своите пријатели

Трет резервоар за сурова нафта се запали и се урна на главниот терминал во Матанзас, Куба, изјави гувернерот на таа покраина Марио Сабинес, пренесе Ројтерс.

Loading...

Како што е прецизирано, пожарот вчера се проширил врз истурената нафта од друг резервоар, кој се запали пред два дена во најголемата индустриска несреќа на Куба во последните неколку децении.

Гувернерот на провинцијата Матанзас, Марио Сабинес изјави дека пожарот наликува на „олимпискиот пламен“ и дека се движи од еден резервоар во друг, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека црн чад се кренал на целата област и дека ситуацијата е „комплицирана“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

Сабинес рече и дека кубанските власти во текот на викендот постигнале напредок во локализирањето на пожарот, откако пристигнала помош од Мексико и Венецуела, но доцна синоќа пожарот почнал да се шири од друг резервоар, кој се урнал.

Пожар предизвикан од удар на гром во складиште за нафта во кубанскиот град Матаназас, остави еден пожарникар загина, а 16 лица се водат како исчезнати, сето тоа по саботната експлозија во друг резервоар.

Четвртиот тенк бил загрозен, но не се запалил, соопштија кубанските власти.

Матанзас е најголемото пристаниште во Куба за примање сурова нафта и гориво, а земјата се потпира на нафтата за производство на поголемиот дел од својата електрична енергија, пренесува британската агенција.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја