Драмата “Револвер” вечерва премиерно во Театар Куманово

Сподели со своите пријатели

Албанската драма при Театар Куманово за вечерва со почеток во 20 часот, ја најави премиерата на драмата “Револвер”, во режија на Нехат Мемети, а работена според текстот на Габор Горги.

Во претставата настапуваат актерите Мирсад Абази, Илбер Муртези, Муса Исуфи, Мендим Муртези и Исмаил Касуми.

Инаку, ова е осма по ред претстава на Албанската драма при Театар Куманово поставена на репертоар за кумановската публика.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.