Драма во Русија: Украински диверзанти се обидуваат да упаднат во Курск, борбите се во тек

Сподели со своите пријатели

Припадниците на украинските диверзантско-извидувачки сили се обидуваат да упаднат во регионот Курск, а борбата со руската гарда, разузнавачките и безбедносните сили (ФСБ) и воениот персонал е во тек, објави руската гарда на платформата Телеграм.

Loading...

„Единиците на руската гарда учествуваат во одбивањето на непријателските напади кај селото Тјоткино, во областа Курск“, се наведува во соопштението.

Гувернерот на регионот Роман Старовојт пријавил обид за инфилтрација на диверзанти околу 11:45 часот по московско време, пренесува РИА Новости.

Тој ги повика жителите да бидат внимателни и да пријават сомнителни лица, напуштени предмети и дронови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Во вторникот, украински диверзанти, со поддршка на тенкови и оклопни возила, се обидоа да упаднат во Русија од три правци, соопшти руското Министерство за одбрана, истакнувајќи дека руските војници ги одбиле обидите на украинските диверзантски единици да упаднат во регионите Белгород и Курск.

Пробивањето во Белгородската област е истовремена обид од три правци, во близина на селата Одноробовка, Нехотеевка и Сподарјушино, соопшти руското Министерство.

Се додава дека руските војници со употреба на авијација, ракети и артилерија ги одбиле сите украински напади и дека државните граници не биле прекршени, пренесува РИА Новости.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека биле одбиени и четири напади на украински диверзантско-извидувачки групи кои се обиделе да се пробијат во близина на селото Тјоткино во областа Курск.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.