Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволни пожарникари од Крнов.
Отишле да им помогнат на многу жители на кои им се закануваат поплавите, но и самите паднале во поројот.
На објавеното видео се гледа како хеликоптер извлекува пожарникари доброволци, чие возило е целосно опколено со вода.
Најмалку едно лице загина, а седум лица се водат за исчезнати во поплавите во Чешка, изјави шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек.
Тој за „Чешко радио“ изјави дека едно лице се удавило во реката Красовци.
Во Чешка утрово беше пријавена првата жртва од разорните поплави што ја погодија Европа.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024